Драма пред станот на Нетанјаху: Демонстрантите бараа премиерот веднаш да поднесе оставка

Демонстрантите се собраа вчера пред станот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на улицата Аз во Ерусалим, повикувајќи го да поднесе оставка поради „смртоносниот шокантен напад на терористичката група Хамас“ врз јужен Израел на 7 октомври, пишува The Times of Israel.

Демонстрантите се собераа синојка во поголемите израелски градови за поддршка на семејствата на заложниците кои ги држеше Хамас во Газа, јави Би-Би-Си.

Предвидено е да се одржат демонстрации во неколку градови, меѓу кои Хаифа, Тел Авив, Ерусалим, Бершева и Еилат, пишува весникот Хаарец.

Четири недели по нападот на Израел, Хамас сè уште држи како заложници 241 лице, вклучувајќи деца, баби и дедовци и други цивили, како и војници.

Се очекува и дел од демонстрантите да побараат смена на Нетанјаху, пишува „Хаарец“.