Драстично го променила имиџот, а потоа се покајала: „Девојки, не ги следите моите стапки“

Никол Кидман се најде на насловната страница на списанието „Allure“, каде што зборуваше за својата професионална кариера како актерка, но и за фактот дека жали за некои работи…

Никол Кидман позираше во црна облека за ова издание на познатото списание , а впечатлив моден детаљ беше црвената перика , која ја истакнуваше нејзината убавина.

Покрај фотографиите за модниот едиторијал, актерката сними и интервју. 
Таа се осврна на својот физички изглед на почетокот на нејзината холивудска кариера и истакна дека жали што некогаш ги променила своите природни кадрици .

„Зошто си ја исправив косата“, рече таа со воздишка на фрустрација, потоа се насмеа и додаде:

„Ја обожавав косата тогаш. Тоа е мојата природна коса“, изјави Кидман за новинар додека на екранот се појавуваа фотографии од филмот „Денови на грмотевици“ од 1990 година.

Познатата актерка имаше и неколку совети за девојките .

Драстично го променила имиџот, а потоа се покајала: Девојки, не ги следите моите стапки ФОТО

„Не е ли тоа лудо? Затоа, прифатете ги локните. Не ги следите моите стапки“, додаде Кидман.