Сите погледи беа вперени во Селена Гомез, која на премиерата на новиот филм се појави во прекрасно издание.
Пејачката и актерка Селена Гомез , која при последните појавувања во јавноста шармира со нова линија , односно видно послаба фигура, повторно блесна во луксузно издание. Овој пат сите погледи беа вперени во неа на премиерата на новиот филм „Wizards Beyond Waverly Place“.
Премиерата се одржа во театарот, а Селена за оваа пригода избра свечен црвен миди фустан кој е целиот во светки, а највпечатливо е длабокото деколте во форма на V.
Носеше и црвени чевли, а шминката одлично ја координираше во посветли тонови кои ја истакнаа нејзината природна убавина, а вниманието го привлече и со модерна фризура – брановиден боб до рамениците.
Selena Gomez arrives at the Wizards of Waverly sequel premiere.
— Pop Base (@PopBase) October 29, 2024
pic.twitter.com/b2h6C4TDjs
Таа насмеана им позираше на насобраните фотографи, а на социјалните мрежи собра голем број комплименти.
Таа пред премиерата ја изврши својата граѓанска должност и гласаше, а заедно со видеото порача: „Време е да одиме да гласаме“.
Selena Gomez cast her election ballot on October 28, shining in a sparkly red dress before heading to her premiere. A perfect mix of style and civic duty. #VoteInStyle #SelenaGomez #RedCarpet #ElectionDay #newstoday #FashionAndVoting #BreakingNews #PremiereNight pic.twitter.com/kRNZ3lrPW1
— DailyNewsAiStream (@DailyNewsAiStrm) October 29, 2024