Борна Соса по Светското првенство во Катра откри дека дресот го чува во сеф со медалот.
Комплет од шест дресови што ги носеше Лионел Меси на Светското првенство во Катар во 2022 година ќе бидат понудени на аукција во декември, објави во понеделникот аукциската куќа Сотби, проценувајќи ја нивната вредност на повеќе од 10 милиони долари.
Дресот со сино-бели риги Меси го носеше на натпреварите од групата против Саудиска Арабија и Мексико, потоа во осминафиналето против Австралија, во четврт-финалето против Холандија, во полуфиналето со Хрватска и во финалето. против Франција.
Со седум постигнати гола тогаш 35-годишниот капитен на Албичелеста ја освои титулата светски првак што му недостигаше.
Со „бесценетата“ колекција, која ќе се продава онлајн од 30 ноември до 14 декември, а истовремено ќе биде јавно изложена во седиштето на Сотби во Њујорк, компанијата се надева дека ќе достигне „повеќе од 10 милиони долари“, што би стана „највредната колекција на спортски сувенири некогаш продадена на аукција“.
За споредба, најскапиот дрес продаден на аукција, оној што го носеше американската кошаркарска легенда Мајкл Џордан во финалето на неговата последна титула во НБА со Чикаго Булс во 1998 година, достигна цена од 10,1 милиони долари во септември 2022 година.
„Дел од приходите од продажбата ќе бидат донирани за проектот UNICAS, управуван од Детската болница Сант Јоан де Деу (SJD) во Барселона со поддршка на Фондацијата Лео Меси, за да одговори на потребите на децата кои страдаат од ретки болести“, додаваат од Сотби.
Дресот кој Меси го носеше против Хрватска во Катра е во рацете на Борна Соса, кој го доби на подарок од славниот Аргентинец.
Соса по Светското првенство во Катар откри дека дресот го чува во сеф со медалот.