Дрејмонд Грин: Немаме колективна ментална цврстина за да играме добро на гостински терен

– Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Дрејмонд Грин ја објасни лошата игра на тимот на гостинските натпревари сезонава во НБА-лигата.

„Воините“ имаат скор 27-7 (победи-порази) на домашен терен и 7-25 на гостински средби.

– Победата на гостинските натпревари бара ментална цврстина, тоа треба да биде на навистина високо ниво во целиот тим. Успешното играње на гости бара колективна ментална цврстина. Да бидам искрен, не сум сигурен дека ние во Вориорс може да се пофалиме со ова. Оттука се гледа и разликата во резултатите. Не го кријам моето разочарување поради ова, ова е голем проблем, па која е поентата да молчиме… Очигледно ни недостасува оваа издржливост. Прилично чудна ситуација. Секогаш кога сте подготвени да направите чекор напред, излегува дека се враќате два чекори назад, изјави Грин.

Голден Стејт вориорс кој ја брани шампионската титула во НБА-лигата, во моментов се наоѓа на 5.место во Западната конференција со ефект 34-32.