“ДРЖАВАТА МОЖЕ ДА ГО КАЗНИ!“ – Дали Србите конечно го добија одговорот на прашањето што го чекаа две недели: Еве како ќе одговара детето-монструм Коста К.
По масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и најавата на надлежните од Србија дека сторителот не може кривично да одговара поради неговата возраст, српската јавност се прашува дали тој сега е на „слобода“ и дали државата има алатки да го казни на било кој начин, пишува српски Курир.
Експертите од соседството велат дека има, но дека процесот е долг, комплициран и бара сериозен докторски преглед. Велат дека државата сигурно нема да дозволи сторителот да го повтори делото и да го пушти на слобода.
Еден возрасен и девет деца во основнот училиште „Владислав Рибникар“ во Белград беа убиени на грозоморен начин од дете. За овој крвав поход тоа 13-годишно дете не одговара за кривично за делото. Не му се заканува затвор, ниту казнено-поправна установа.
„На лице кое во моментот на извршување на противзаконито дело, дефинирано како кривично дело во законот, не наполнило 14 години, не може да му се изречат кривични санкции или да применува други мерки предвидени со овој закон“, стои во прописите од соседна Србија.
Дали сега е слободен, прашува српската јавност, но и родителите на учениците од училиштето каде беше извршен масакарот. Меѓу другото, граѓаните бараат од државата стручно објаснување што ќе биде со момчето, бидејќи децата стравуваат дека ќе биде ослободен. А каде е и што би можело да се случи понатаму објаснува невропсихијатарката Славица Ѓукиќ Дејановиќ, која била експерт за претходни случаи на малолетнички убиства од Србија за споменатиот весник.
„Експерти, пред се детски психијатри, психолози, работат на испитување на структурата на неговата личност, неговите психолошки својства, а ова е процедура која секако ќе трае со месеци, можеби и со години“, кажала Славица Ѓукиќ Дејановиќ за весникот.
Како што појаснува таа, во случај некој да не одговара кривично и да стори дела поради ментална болест, тогаш мора да се изрече докторска мерка за задолжително лекување.
„Тој третман може да биде и во затворена институција, а вообичаено е барем некое време да биде така“, додава таа.
Ниту медицинската, ниту судската пракса во Србија досега не се сретнале со ваков случај. Учејќи за тоа од искуствата на другите земји, тие уверуваат дека и Србија има инструменти за санкционирање. Адвокатот Бранислав Станишиќ наведува дека Законот за заштита на лицата со ментални нарушувања предвидува можност лицето да биде задржано или хоспитализирано на затворен третман во психијатриска установа со број на години не подолг од 18 години.
„Тој закон може да се примени и за децата со потпис на детски психијатар. Еден од начините на кој тие можат да бидат задржани во затворена установа без одобрение од нивниот старател или законски застапник е ако се процени дека се опасни сами по себе, по сопствениот живот или животот на другите“, изјавил адвокатот Бранислав Станишиќ за весникот.
Славица Ѓукиќ Дејановиќ забележува дека државните инструменти постојат, дека се проценува интересот и безбедноста на луѓето, децата, кои евентуално би можеле да бидат жртви доколку ризикот е поврзан со однесувањето на малолетно лице.
„Не се проценува само ризикот што би можел да го направи и дали тоа би биле дејствија што веќе ги направил или уште посериозни, туку и каков ризик носи сторителот на делото како лице со карактеристики што ги има и дејствијата што ги сторил во однос на другите“ забележува таа во изјавата.
Освен во соседна Србија, 14 години е најчеста старосна граница за кривична одговорност и на меѓународен план. По криминалот во белградското училиште, предлогот од државниот врв на Србија е да се намали границата на 12 години. И во тој случај сторителот останува неказнет, но тоа би било предупредување за во иднина.
Бранислав Станишиќ вели дека законот не може да се применува ретроактивно, освен ако во овој случај би бил поповолен за лицето на кое се применува.
„Се надеваме дека вакво нешто нема да се случи во иднина, каде што би можело да се применува изменетиот закон, а лицето е под 14 години“, кажал адвокатот за весникот.