Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, ќе биде домаќин на Султан Бин Саад ал-Мураики, државен министер за надворешни работи на Државата Катар.
Како што соопшти Министерството, предвидено е Муцунски и Ал-Мураики да имаа т тет-а-тет средба по која ќе следи билатерална средба на двете делегации.
По завршување на настанот не е предвидена прес – конференција или изјави за медиумите, посочуваат од МНРиНТ.