Дождот не помогна многу во гаснењето на пожарот на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека претходните денови на депонијата се исфрлени многу тони вода, но чадот продолжува.
Тој вели дека се преземаат и други мерки.
Неподнослив мирис на запалена гума и чад се чувствува во скопските населби Аеродром, Ново Лисиче, Драчево, Кисела Вода и Ќендер. Жителите постојано се жалат на лошата миризба и загадениот воздух.
Ангелов синоќа изјави дека причината за лошата миризба во Скопско е тоа што ветерот го сменил правецот и дува од депонијата кон Скопско.