Другарката на Теа Таировиќ ги нарече Србите шовинисти! Бугарката крена голема прашина! ,,Не смее веќе да влезе во Србија” (фото)

Бугарската пејачка Галена беше специјален гостин на концертот на Теа Таировиќ во Ташмајдан. Таа по концертот го пофали српскиот народ, но не долго потоа кажа страшни зборови за Србите.

Имено, таа ги нарече Србите шовинисти.

Српските новинари стапија во контакт со Теа Таировиќ, која има дует со бугарската пејачка. Отпрвин не знаела за што се работи, па побарала да и’ го испратат видеото, а потоа накратко кажала дека не сака да ја коментира целата ситуација.

– Немам коментар – кратко изјави Теа.

Да потсетиме, пејачката во едно интервју се осврна на настапот на концертот на Теа Таировиќ на Ташмајдан во Белград и крена голема прашина.

– Морам да се пофалам дека гостував во Србија, земја позната како шовинистичка. Бев многу скептична – истакна Галена.

Видеото кое кружи на социјалните мрежи предизвика бурни реакции кај публиката, чии негативни коментари постојано доаѓаат,а како да не биде така, кога истата пејачка пред само неколку недели зборуваше само за најубавите работи за Србија.

Инаку, многу корисници на социјалните мрежи бараат трајно да и’ се забрани влез во Србија.