Музичката ѕвезда Дуа Липа денес преку Инстаграм сподели дека почнала да го слави својот роденден, а нејзиниот фустан привлече внимание.
Иако пејачката е родена на 22 август, таа одлучи да го прослави својот 30-ти роденден дури 10 дена порано, а за таа пригода се одлучи за предизвикувачка модна комбинација создадена специјално за неа од дизајнерот Симон Порте Жакемус.
„Рани прослави за роденден на мојот омилен остров со моите омилени луѓе во најубавата облека што ми ја направи Сајмон… Едвај чекам да наполнам 30“, напиша таа во описот на објавата.
Имено, Дуа Липа носеше долг бел фустан со светки, длабоко деколте од левата страна и отворен грб за време на прославата на која присуствуваа: нејзиниот вереник Калум Тарнер, блиското семејство и неколку пријатели.
Липа ја нагласи креацијата со зашилени бели рамни чевли, впечатливи обетки, дебели сребрени нараквици и светкави прстени.
Кога станува збор за шминка, таа се одлучи за минималистичка шминка, фокусирајќи го целото внимание на нејзината исончана кожа и долга брановидна коса.