Дуа Липа ја повикува Велика Британија да ја запре продажбата на оружје на Израел: Децата од Газа не можат да чекаат ни минута
Пејачката со албанско потекло, Дуа Липа, заедно со околу 300 познати личности од Велика Британија, потпишаа отворено писмо со кое ја повикуваат британската влада да ја запре продажбата на оружје на Израел.
Актери, музичари, активисти и други јавни личности апелираа до британскиот премиер Кир Стармер да стави крај на соучеството на Велика Британија во ужасите во Газа.
Меѓу потписниците се Бенедикт Камбербач, Тилда Свинтон, Риз Ахмед, Палома Фејт, Ени Ленокс, членови на групата „Масив атак“ и други.
„Не можете да го наречете неподносливо и да продолжите да испраќате оружје“, изјавија тие, меѓу другото. Покрај тоа, тие бараат траен прекин на огнот и Газа да има целосен пристап до хуманитарна помош.
„Децата од Газа не можат да чекаат ни минута. Премиере, што ќе изберете? Соучество во воени злосторства или храброст за дејствување?“, прашаа тие.
Како што е познато, Дуа Липа претходно гласно зборуваше за окупацијата на Газа и изјави дека Израел врши геноцид.