ДУИ за Академијата во Битолa: „Српскиот свет“ на раскрсница во Северна Македонија

Демократската унија за интеграција, преку реакција до медиумите, вели дека најостро го осудува настанот одржан во Битолско, каде што за прв пат во историјата на Северна Македонија, висока државна делегација од Србија, придружувана од високи претставници на Владата на Северна Македонија, официјално и со државен протокол ја прослави српската инвазија на Македонија и Косово под маската на таканаречениот „Солунски фронт“.

„Изјавите на српската министерка за труд и социјална политика, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, дека „Македонците и Србите се едно стебло, еден корен и имаат заедничка иднина“, претставуваат отворена историска провокација и очигледно мешање во идентитетот и суверенитетот на Северна Македонија. Овие пораки се неприфатливи и имаат за цел да ја релативизираат историската реалност, поткопувајќи ги меѓуетничките односи и регионалната стабилност. Подеднакво неприфатливо е и присуството на претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, како и на вицепремиерот Иван Стоилковиќ во активност што директно ја нарушува стратешката ориентација и мултиетничкиот карактер на нашата држава“, обвинува ДУИ.

ДУИ јасно нагласува дека националистичките проекти на „српскиот свет“ немаат место во Северна Македонија. „Иднината на земјата лежи само на патот на интеграција во Европската Унија, заштитувајќи го духот на Охридскиот договор, еднаквоста на граѓаните и мултиетничката кохезија на нашето општество.“