Изет Меџити и другите деривати на ВМРО-ДПМНЕ се засрамени од длабокиот пораз од Европскиот фронт, додека се обидуваат да свртат внимание на фактот дека и како губитници можат да бидат дел од Владата, со оглед на блиската соработка со Мицкоски и Апасиев од Левица.
Во екот на клеветите и поттикнувањето паника, Меџити денеска изјави дека „Мицкоски и СДСМ и многу фактори (соработници на Кремљ) бегаат од ДУИ“.
Ги информираме Меџити и дериватите на Москва дека ДУИ и Европскиот фронт коалицираат само со граѓаните, додека САД и Европската Унија се партнери.
Ова партнерство ќе биде запечатено на 24-ти април и 8- ми мај, кога Европскиот фронт ќе помине на +20 пратеници.
Воедно, ги известуваме Меџити и проруските деривати дека корупцијата и криминалот имаат име – Општина Чаир, веќе преобразена во противправна сопственост на два-тројца, кои плашејќи се од следната загуба се кријат под антиевропскитр политики и проруската ВМРО-ДПМНЕ.