ДУИ: “На седницата ќе видиме кој е за интеграција, а кој за изолација, кој за Европа, а кој за Русија“
Демократската унија за интеграција смета дека денешната собраниска седница за уставни ќе биде одлучувачка за европската иднина и апелира до сите пратеници да размислат за важноста на нивната историска задача за земјата да оди напред.
Преку соопштение до медиумите, ДУИ нагласува дека уставните измени се одлучувачки чекор за продолжување на преговорите за члснтво во Европската унија.
„На манипулацијата со граѓаните од страна на различни деструктивни сили и дојде крајот откако, Демократската унија за интеграција како сериозна партија со проамериканска-европска ориентација ги стави на располагање сите можни опции, само за евроинтеграцискиот процес на земјата да не биде блокиран. Демократската унија за интеграција уште еднаш ги повикува политичките партии и самите пратеници да ги остават настрана личните и партиските интереси, да не се обидуваат да ја блокираат туку, да ја приоритизираат европската иднина на граѓаните. Република Северна Македонија има свое место во големото европско семејство. На седницата ќе видиме кој е за интеграција, а кој за изолација, кој за Европа, а кој за Русија, кој за перспектива, а кој за уназадување!“, се вели во соопштението од ДУИ.