ДУИ денеска преку соопштение реагираше во врска со истрагите за случајот во Кочани. Од таму бараат одговорните за овој случај да побараат помош од актуелната власт.
Сè повеќе медиуми, аналитичари, експерти и граѓани изразуваат изненадување – како е можно тоа:
Министер за внатрешни работи – 13 месеци на функцијата
Директор за јавна безбедност – 9 месеци.
Министер за економија – 9 месеци
Директор на Државниот пазарен инспекторат – 9 месеци
Управа за јавни приходи – 9 месеци.
Тоа се луѓето кои имаат директна, институционална и законска одговорност да вршат контрола, надзор и спречување трагедии од овој тип.
Тоа се луѓето кои денес имаат моќ да влијаат на доказите и да вршат притисок врз сведоците, велат од ДУИ.
Од друга страна, потенцираат дека наместо тоа, гледаме изопачување на правдата: во притвор се оние кои не се во функција, немаат институционално влијание и не можат да го попречуваат процесот.
Дури и студент од прва година по право разбира дека нема причинско-последична врска со текот на годините, кога секоја година се обработуваат сите дозволи и лиценци.
Политички договор, каде што премиерот го води овој судски спектакл, емотивна манипулација, медиумски спектакл, пренасочување на вниманието на јавноста, спречување на вистинска истрага и заштита на луѓето од власта, велат од таму.
Од ДУИ додаваат дека нема да молчат за овој случај.