Демократската унија за интеграција преку соопштение вели дека оваа Влада е промашување каде Албанците се исклучени и имаме држава без насока.
Според ДУИ, тие се гарант за еднаквост и надеж за иднината.
Целосна реакција:
„Во време кога граѓаните се соочуваат со неизвесност, меѓуетнички тензии и неуспеси во секој сектор на власта, јасно е дека оваа власт без легитимитет сега целосно ја загуби довербата на граѓаните.
Албанците се исклучени од процесите на одлучување, неправедно разрешени од клучните функции и игнорирани во спроведувањето на Законот за јазиците.
Институциите се претворија во политички алатки кои им служат на тесни интереси, игнорирајќи ги проблемите на граѓаните.
Немањето развојни проекти и стагнацијата во евроинтеграциите се јасни показатели за неспособна власт, која ги изневери граѓаните, особено Албанците, кои денес се чувствуваат исклучени и погазени.
ДУИ беше и остана единствената политичка сила која гарантираше рамноправна застапеност на Албанците, заштита на нивните права и развој на крупни проекти за државата.
Денес, повеќе од кога било, е време да се стави крај на оваа пропадната влада и да се вратиме на стабилноста, правдата и еднаквоста.
ДУИ е и ќе биде гласот на граѓаните, бранител на нивните интереси и гаранција за подобра иднина на Северна Македонија.
Како и секогаш, ќе бидеме покрај граѓаните, работејќи за еднаква и правична држава за сите“, велат од ДУИ.