По назначувањата во Фондот за здравствено осигурување, реагираат од ДУИ со загриженост како што велат, дека промената ги отстранила Албанците од раководството на Фондот зашто двајцата директори биле од македонската заедница.
Овој акт претставува системски обид за отстранување на Албанците од најчувствителните и витални институции, и дека со ова не само што се поткопувале постулатите на Охридскиот договор туку ја загрозувале и безбедноста и следел опасен пат кој ги поткопувал основните принципи на еднаквост и правда, се наведува во соопштението од ДУИ.