– Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори според кои нивниот кандидат за претседател Бујар Османи е на третото место пред кандидатот за здружената албанска опозиција Арбен Таравари.
На плоштадот „Скендербег“ има зголемено полициско обезбедување, а изборниот штаб на албанската опозиција „Вреди“ е преместен на друга локација.