ДУИ: Сопственикот на кочанската дискотека е приведен од полиција без лисици, а Крешник Бектеши со лисици и со медиумско присуство
Демократската унија за интеграција реагираше на институционалното справување со трагедијата Кочани, во која десетици лица беа лишени од слобода.
Од ДУИ велат дека сопственикот на дискотеката во која се случи несреќата е уапсен без лисици, додека поранешниот министер Крешник Бектешиу е уапсен со лисици и во присуство на медиумите.
Од опозициската ДУИ оваа акција ја нарекуваат манипулација и додаваат дека нема да молчат.
Целосна реакција:
Ова е срамота. Ова е спектакл. Ова е апсурдно.
Директниот извршител на трагедијата, сопственикот на клубот што изгоре и им ги одзеде животите на 59 млади лица во Кочани, полицијата го носи БЕЗ лисици, додека поранешен министер, кој нема никаква поврзаност со оваа трагедија, беше спроведен со лисици, под максимално медиумско внимание, откако претходно беа поканети камери.
Ова е институционален срам.
Ова е чиста манипулација.
Ова е травестија на правдата.
Нема да молчиме пред овој апсурд!