ДУИ: Со одобрение на Бујаре Абази, српска банка влегува во срцето на финансискиот систем на Македонија
Демократската унија за интеграција, преку одговор до медиумите, изрази загриженост, како што се вели, во врска со потврдувањето на планот за влез на српски капитал во банкарскиот сектор на Северна Македонија, вклучително и неодамнешното стекнување акции од страна на „АЛТА банка“ на „Стопанска банка Битола“. Поточно, се наведува во одговорот, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на својот 65-ти состанок, со кој претседава претседателката Бујаре Абази, членка на ВЛЕН, даде дозвола „Алта банка“ АД Белград да поднесе официјална понуда за стекнување на „Стопанска банка – АД Битола“.
„Поставуваме сериозни прашања и бараме целосна транспарентност: Дали имало состанок помеѓу Изет Меџити и Александар Вулин во февруари 2025 година, во канцеларијата на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на вицепремиерот Стоилковиќ, за време на кој била дискутирана и координирана оваа голема српска инвестиција? Доколку овој состанок се одржал, каква била неговата цел и како е поврзан со одлуките за давање дозвола на АЛТА Банка од страна на институциите предводени од ВЛЕН? Овој случај покажува изразена манипулација: големи пречки за отворање на албански банки, додека банките со сомнителен српски капитал не наидуваат на никакви проблеми при влегувањето на пазарот, па дури и добиваат брзо одобрение од институциите“, се наведува во одговорот на ДУИ.
Понатаму, реакцијата продолжува, потсетуваме дека Европската централна банка (ЕЦБ) во 2024 година изрази сериозна загриженост во врска со можноста за перење пари преку обидот на ALTA Pay, српска компанија управувана од Давор Мацура, да ја преземе Addiko Bank во Австрија.
„Во овој контекст, одобрувањето на лиценцата на АЛТА Банка во Македонија покренува сериозни прашања за стандардите за транспарентност и финансиска безбедност. ДУИ бара јасни и итни одговори од градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, вицепремиерот Стоилковиќ и Изет Меџити, за да бидат информирани граѓаните за мотивите, содржината и последиците од таков состанок и да се обезбеди дека стратешките и финансиските интереси на земјата нема да бидат нарушени во корист на интересите на „српскиот свет“. Ова не е само економско прашање; преку финансискиот сектор и погодностите што им се даваат на банките со српски капитал, се прави обид да се воспостави директно влијание на „српскиот свет“ во Северна Македонија. Овој феномен ја загрозува не само економската и финансиската стабилност на земјата, туку и политичките случувања, создавајќи можности за ориентација на стратешките и институционалните одлуки во корист на странските интереси пред националните интереси и интересите на албанските граѓани и сите граѓани на земјата.“