Дури и ова се случува, среде зима во Канада горат „зомби пожари“.
И среде зима во Канада жар од минатогодишните шумски пожари излегува под снегот како последица на високите температури, пишува Би-Би-Си.
Таканаречените „зомби пожари“ горат под дебели слоеви снег со невидена брзина, предизвикувајќи стравувања за тоа што може да донесе следното лето, пишува Телеграф.
Жителите кои во текот на зимата често го посетуваат автопатот во близина на градот Форт Нелсон во Британска Колумбија, лесно можат да ги видат, но и мирисаат, облаците од бел чад што се издигнаа на небото.
Соња Леверкус, пожарникар од малото гратче во североисточна Британска Колумбија, за време на разговорот за Би-Би-Си се присети дека возела низ силна снежна бура.
Таа призна дека снегот што паднал не изгледал бел, туку станал сив помешан со сина поради чадот што се издигнува кон небото.
Но, што се „зомби пожари“ инаку познати како зимски пожари? Станува збор за жар кој излегува под слоеви снег. Овој пожар гори на земја, главно во планинските области.