Во длабочините на пештерата, научниците пронајдоа „девствен базен“ полн со уникатно млеко.
Како што пренесува Дејли Стар, во Националниот парк Карлсбад Кавернс во Ново Мексико, САД, научниците откриле уникатна пештера за која никој не знаел.
Базенот што го пронајдоа е опкружен со бели замрзнати карпи, додека водата што тече е заматена со кремаста нијанса која потсетува на млеко.
И додека многумина се надеваа дека тоа е магично млеко, научниците потврдија дека тоа е оптичка илузија со оглед на тоа дека водата е кристално чиста.
Овој базен е пронајден на дури 213 метри под земја, а научниците не можеле да го сокријат задоволството од таквото откритие.
„Истражувањето на пештерата понекогаш дава мали, но чудесни глетки. “, напишаа во објавата.
Пештерите Карлсбад се извор на истражување со децении и често се откриваат нови области. Во 2012 година, истражувачите пронајдоа целосно нова мрежа на меѓусебно поврзани тунели што водеа до огромна просторија долга скоро 182 метри и висока 45 метри.