Дури 90 отсто од жителите на Порторико Новата година ја дочекуваат во темница: Можеби два дена ќе нема струја
Порториканците останаа без струја на последниот ден од 2024 година, откако дефект на мрежата го опфати речиси целиот остров.
Без струја утрово по локално време останале близу 90 отсто од потрошувачите, објави порталот на компанијата за дистрибуција на енергија ЛУМА Енерџи.
Најверојатно ќе бидат потребни 24 до 48 часа за светлата да се вратат „доколку условите дозволуваат“, се вели во соопштението на LUMA.
„Иако ја истражуваме причината за дефектот, прелиминарните наоди укажуваат на дефект во подземната линија“, додаде LUMA.
Гувернерот на Порторико, Педро Пјерлуиси, во објава на социјалните мрежи рече дека неговата администрација „бара одговори и решенија“ од енергетските компании.
Тој додаде дека „треба да го забрзаат реактивирањето на производните единици… и да ги информираат луѓето за мерките што ги преземаат за да ја вратат услугата на целиот остров“.
Порторико долго време се соочува со недостиг на електрична енергија бидејќи неговата инфраструктура се распаѓа.