Дурмиши: Ако трговците не ги намалат цените на основните производи, ќе ја ограничиме профитната маржа

„Доколку трговците не покажат поголема општествена одговорност и не ги намалат цените на основните производи кои ги нема во новогодишната кошничка, ќе воведеме построги мерки како ограничување на профитните маржи и цени“, изјави денеска министерот за економија Бесар. Дурмиши.

Како што нагласи на денешната прес-конференција, екипите на Државниот пазарен инспекторат се на терен и анализираат како се движат цените во последните три месеци.

Тој рече дека за два до три дена ќе завршат анализите и потоа ќе се одлучи дали ќе се преземат поригорозни мерки.

Дурмиши ги повика трговците да ги корегираат цените на најпотребните производи во оваа празнична сезона.