Душан Влаховиќ доаѓа во Реал Мадрид !? Договорена кобната средба Флорентино Перез и Крало Анчелоти: Откриена иднината и големите планови на ‘Кралскиот клуб’

Флорентино Перез (76 г.) следната недела ќе се сретне со Карло Анчелоти (69 г.) за да ја испланира претстојната сезона, пренесува шпанскиот весник AS. Претседателот на Реал Мадрид сака од прва рака да знае што го загрижува тренерот чиј договор истекува следната сезона. Мадриѓаните засега немаат дилеми дека Карло Анчелоти ќе ја заврши минималната преостаната година од договорот.

Карло Анчелоти и понатаму е главен кандидат на Бразил за преземање на националниот тим и таа понуда се уште е на маса, па Италијанецот ќе мора да го потврди останувањето на состанокот, како што тоа го направи јавно по поразот од Манчестер Сити.

Раководството е задоволно од сработеното во Купот на кралот (кој го освои), кампањата во Лигата на шампионите се смета за прифатлива, додека првенствената сезона е она што најмногу им паѓа во очи на клупските челници. Раководството не бара тимот да ги освојува сите споменати трофеи секоја година, туку она што го сметаат за пресудно е тимот да биде во реална позиција секоја година да го освојува трофејот од домашното натпреварување. Таа премиса беше исполнета во Лигата на шампионите, но не и во лигашкиот шампионат.

Идејата на Реал Мадрид е да го засили тимот во сите линии за да собере супер тим за новиот „Бернабе“. И покрај доаѓањето на младиот талентиран Бразилец Ендрик во 2024 година и обновувањето на договорот со Карим Бензема, Реал Мардирд планира на лето да потпише нов напаѓач за да ја заостри конкуренцијата во првата линија.

Имињата кои се споменуваат за врвот на нападот се Коло МуаниОсимхенВлаховиќ и Кејн. Други мети се Џуд Белингем, кој наводно веќе се договорил и доаѓа од Борусија Дортмунд, потоа Рис Џејмс и Алфонсо Дејвис, за позиции кои претседателот и тренерот ги сметаат за ранливи. Крилни играчи, играчи од средниот ред и напаѓачи, ова се приоритетите на Реал Мадрид.

На средбата ќе се разговара и за нови договори за некои играчи. Заедно со Бензема, Модриќ и Крос кој го продолжија досегашниот договор. 

Желбата на клубот е и да се раздели со Еден Азар, но Белгиецот очигледно ќе биде новиот „случај Бејл“, што значи дека е подготвен да седне на клупата и да ја земе својата огромна плата. Резервниот голман Лунин исто така е на излезна врата во потрага по минути.