Д-р Мозли открива 5 намирници за отстранување на салото од стомакот: го намалуваат гладот, го намалуваат крвниот притисок и холестеролот

Сите знаеме колку е важно да го одржуваме нашето тело здраво, но следењето и избегнувањето на лошите искушенија со храна може да биде тешко. Експертот за исхрана и популарен лекар Мајкл Мозли сподели пет групи на храна кои треба да ги вклучите во секојдневниот живот доколку сакате да изгубите тежина и „да направите видлива разлика“.

Прво, д-р Мозли препорачува замена на масното месо со посно месо, како што се пилешко и риба. Тој исто така предлага да додадете здрав зеленчук во вашата чинија наместо компири.

Д-р Мозли советува дека секој што сака да изгуби тежина треба да се префрли на „посните протеини“ – риба, мисирка, пилешки гради и тофу сирење кои се ниски со заситени масти и богати со витамин Б12.

– Исхраната богата со посни протеини има многу здравствени придобивки: го намалува гладот, го намалува крвниот притисок, помага во контрола на тежината, ја подобрува мускулната маса и сила и го намалува ризикот од остеопороза бидејќи посните протеини се одлични за здравјето на коските – вели д-р Мозли.

Тој, исто така, истакна некои јаткасти плодови како бадеми, индиски ореви , лешници и ф’стаци како некои од „ најдобрите здрави намирници“ за слабеење, бидејќи содржат многу добри масти, како и протеини, влакна и витамин Е.

Јаткастите плодови помагаат и за намалување на холестеролот и се одлични за здравјето на срцето. Иако можеби мислите дека користењето масло е забрането ако сте на диета, експерт тврди дека вклучувањето на маслиново масло во вашата исхрана всушност може да биде добра работа; може да помогне во намалување на крвниот притисок.

Тој ги истакна петте групи на храна во објавата на неговата веб-страница Fast 800, каде што рече дека „зеленчукот кој не содржи скроб“ како што се брокулата, спанаќот, карфиолот и краставиците се поздрава опција од зеленчукот како што е компирот.

– Содржат многу витамини, минерали и други важни хранливи материи како што се фитохемикалии кои помагаат во варењето, го намалуваат холестеролот и го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2 . Со толку важни здравствени придобивки, нема потреба да броите (многу минимални) калории кога ги додавате во вашата чинија – објасни тој.

Полномасните млечни производи како грчкиот јогурт или полномасното млеко се поздрав избор

Елиминирајте ги млечните производи со малку маснотии

Д-р Мозли вели дека не мора да ги исклучувате млечните производи и тврди дека полномасното млеко може да биде подобро за вашето тело од другите алтернативи.

Престанете да купувате млечни производи со малку маснотии, советува д-р Мозли, додавајќи дека купувањето полномасни всушност може да биде подобро за вас.

– Можеби ќе биде изненадување за оние на кои им е кажано да ја изберат опцијата со малку маснотии за да бидат поздрави, но полномасните млечни производи како грчкиот јогурт или полномасното млеко се веројатно поздравиот избор.

Тој објасни и зошто е тоа така.

– Содржат повеќе есенцијални масни киселини како што се омега-3, високо ниво на протеини, витамин Б12 и јод, за кои е познато дека го забавуваат когнитивниот пад, ја намалуваат анксиозноста и депресијата, го контролираат нивото на енергија и го подобруваат метаболизмот.