ЕВЕ ЗОШТО ЃОКОВИЌ И НАДАЛ НЕ СЕ ДРУЖАТ: Немаат врска како Рафа и Роџер, а ПРИЧИНАТА Е КРАЈНО ЧУДНА

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал не се големи пријатели! Ова го откри Алекс Кореча, поранешен шпански тенисер, а денес познат тренер.

Има исклучително интересна причина за тоа, како што тврди Кореча, „непостои опуштеност во односите меѓу Новак и Рафа“.

– Карлос Моја и јас бевме одлични пријатели. Тој ме победи на Ролан Гарос, а јас го победив на завршниот Мастерс… Но, ненамерно, доаѓа момент кога ќе престанеш да кажуваш тајни затоа што не сакаш да му олесниш, па почнуваш да се грижиш и не сте веќе толку блиску. Па, замислете што се случува со Рафа и Новак . Тие се почитуваат еден со друг, но мислам дека не се пријатели кои си пишуваат пораки како што тоа го прават Роџер и Рафа, тие се поопуштени. Но, на крајот најважно е да се почитуваат – открила Кореча за радиото Кардена Сер.

Навистина ни звучи малку чудно што Федерер е поопуштен од Новак?!

Понатамошната анализа беше интересна.

– Заклучокот е дека Надал и Ѓоковиќ имаат различни навики, распореди, разбирање за светот… Како што Надал и Федерер имаа ривалство, но и се зближија – така и Ѓоковиќ и Надал се на различни патишта. Тие му дадоа сè на спортот и тоа е едно од најголемите ривалства досега, но не знам колку е лесно да се биде пријател со некој , со кој ризикувате многу ако сте искрени.