Холивудската актерка Ева Мендес позираше покривајќи ги градите само со кујнски сунѓери.
Се чини дека актерката најде добитна комбинација за свечени церемонии и црвени теписи.
„Мислам дека го најдов мојот фустан за Оскар. Дали на тоа мислат кога велат „чиста мода“?“, напиша таа.
Мендес спои шарени кујнски сунѓери со зелени очила, накит и светло розов кармин.
Сепак, шегата на Ева има и задна приказна, а станува збор за актерката која во оваа прилика рекламира сунѓери. Имено, минатата година таа стана амбасадорка и основач на брендот за кујнски сунѓери Skura Style.
Актерката и партнерка на Рајан Гослинг ги насмеа следбениците на социјалните мрежи со својот стајлинг.