Евгениј Пригожин проговори за прв пат по ‘неуспешниот’ бунт против Владимир Путин – еве што порача првиот човек на Вагнер во своето 11-минутно обраќање!
Евгениј Пригожин за прв пат проговори по неуспешниот бунт против Владимир Путин. Тој објави 11-минутна аудио порака во која вели дека никој не се согласил да потпише договор со Министерството за одбрана на Русија.
Првиот човек на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, во понеделникот попладне изјави дека општеството „барало“ Вагнер да се побуни, пишува еминентниот британски весник The Guardian.
Евгениј Пригожин вели дека Вагнер не сака да го собори рускиот претседател Владимир Путин и дека бунтот покажува дека во Русија има „сериозни безбедносни проблеми“.
„Не сакавме да го собориме владејачкиот режим“, нагласува Евгениј Пригожин, кој тоа го изјави во 11-минутната аудио снимка.
„Застанавме кога стана јасно дека ќе се пролее многу крв. Затоа мислам дека ова беше доволна демонстрацијата на она што планиравме да го направиме. Нашата одлука да се откажеме беше заснована на два фактори: не сакавме да пролееме руска крв и марширавме на протест“, додава Евгениј Пригожин, чија порака беше објавена на социјалната мрежа Телеграм.
Евгениј Пригожин уште еднаш го обвини Министерството за одбрана на Русија дека ги напаѓа неговите борци и дека тоа било поттик за тие веднаш да реагираат.
„Целта на маршот беше да се зачува платеничката војска на Вагнер и да се повикаат на одговорност службениците кои направија многу грешки. Општеството тоа го бараше“, нагласува Евгениј Пригожин.
Првиот човек на Вагнер призна дека неговите борци убиле членови на руските воздухопловни сили за време на бунтот и кажа дека му е жал што Вагнер морал да го нападне авионот.
„Сепак, тие ги нападнаа нашите сили со бомби и ракети“, вели Евгениј Пригожин.
Тој исто така кажа дека влегувањето на Вагнер во Русија е „школски пример“ и дека Русија така требало да ја нападне Украина на 24. февруари.