„Со едното колено, мажот покажува ниво на почит кон својата идна сопруга!
Кутијата со прстенот треба да биде во левата рака и отворена со десната додека мажот го поставува судбоносното прашање
Веруваме дека сите вие, ако не во живо, тогаш во филмови и серии, сте виделе романтична сцена кога еден дечко клекнува пред девојка и ги кажува волшебните зборови: „Сакаш да се омажиш за мене?“.
Но, дали некогаш сте се запрашале зошто мажите клечат пред своите избрани жени и како овој обичај е ист во речиси сите земји?
Истражувањето на страницата „Engagement Ring Bible“ покажало дека овој чин влече корени од средновековно време, кога витезите на овој начин ја изразувале својата почит.
Витезите клекнувале на едно колено пред нивните господари како знак на почит и лојалност. Ова беше вообичаена работа во многу религиозни церемонии, а во тоа време религијата и бракот беа тесно поврзани. Кога некој витез сакал да ја запроси својата дама и да и покаже колку ја сака, нормално било да клекне на едно колено.
Со спуштањето на едно колено, мажот покажува ниво на почит кон својата идна сопруга. На овој начин и кажува дека ја почитува – вели експертот за планирање на свадби Кејт Вилијард.
Но, веројатно се прашувате зошто мажите клекнуваат со левото колено на земја кога го кажуваат судбоносното прашање?
Непишано правило е кутијата со прстен да биде во левата рака и да се отвора со десната додека го поставува судбоносното прашање.
Според Кејт Вилијард, повеќето мажи се спуштаат на левото колено затоа што се десничари, па затоа им е попогодно да ја држат кутијата за прстен.
– Спуштањето на левото колено му овозможува на додворувачот да ја земе правилната поза и лесно да ја отвори кутијата – вели Кејт и нагласува дека запросувањето може да го направи и мажот да се спушти на десното колено.
– Само затоа што спуштањето на левото колено е нешто вообичаено, не значи дека запросувањето на десно е погрешно. Вашата идна свршеница веројатно нема ни да забележи на кое колено сте паднале – заклучила таа.