“ЕВЕ ЗОШТО МОЈОТ СТЕФАН НАВИВА ЗА ПАРТИЗАН“ – Новак Ѓоковиќ си ја отвори душата: “Како јас како навивач на Црвена Ѕвезда го дозволив ова…“
Новак Ѓоковиќ убедливо ја напаѓа титулата во Торино на завршниот Мастерс, но и првото место на АТП листата.
Србинот направи шоу на прес-конференција, но пред сето тоа зборуваше за нешто друго. За кошарката, неговиот син Стефан, кој навива за Партизан, додека тој навива за Црвена Ѕвезда. Тие неодамна беа заедно забележани на неодамнешното дерби во Белград.
Токму ова беше една од темите за кои Новак Ѓоковиќ зборуваше во интервјуто за Novosti.rs.
„Се надевам дека тоа праќа добра порака. Некои велат дека дозволив на син ми да навива за Партизан, а јас сум навивач на Црвена Ѕвезда. Ме прашуваат како јас како татко можев да го дозволам тоа ? Не му дозволив ништо ниту, пак, го направив тоа, но му дадов избор на мојот син да го поддржи клубот што го сака и да се чувствува како што сака во тоа. Тоа е суштината на се“, изјавил Новак Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ открил дека му постави еден услов на својот син.
„Му реков на син ми дека, што се однесува до мене, може да оди на натпреварите на Партизан. И кога игра со Црвена Ѕвезда, како што беше случајот неодамна, ќе одеме сите заедно како семејство, или кога игра против некој друг тим. Може да навива за Партизан, но во моментот кога ќе го слушнам да ги навредува играчите на Црвена Ѕвезда или скандира навреди против најголемиот ривал или некои други тимови, тој момент завршува неговата авантура за присуство на кошаркарски натпревари! Тој тоа го знае и го почитува засега“.