Еве зошто Новак Ѓоковиќ е подобар тенисер од Рафаел Надал: “Неговата исхрана е најневеројатната работа…“

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас смета дека Новак Ѓоковиќ сепак е поголем тенисер од Рафаел Надал.

Ги гледав неговите секојдневни рутини, видов колку е посветен на се што прави. Работи како часовник. Сосема е нормално што игра на ова ниво дури и во доцните тениски години. Не сакам да кажам ништо лошо за Рафаел Надал, но неговите различни рутини го доведоа во кариерата до повреди и се што му се случува. Новак Ѓоковиќ го избегна тоа. Неговата исхрана е најневеројатната работа во тенисот, неговото закрепнување е најнапредно од сите што сум ги видел, а јас зедов дел од тоа и го додадов на мојата игра и тенис. Мислевте дека Новак Ѓоковиќ ќе опадне во овие години, но тоа не е така“, изјавил Стефанос Циципас и заклучил:

Некако, Новак Ѓоковиќ веќе го има Вимблдон во џебот, тоа е вистина. Сакам да се одмаздам ​​како луд и да покажам дека сум способен за големи работи. Новак Ѓоковиќ секогаш наоѓа рецепт за освојување на Грен Слем турнир. Успева да стигне далеку на секој турнир, не е важно против кого ќе игра, бидејќи игра како часовник!