Еве зошто Сергеј Трифуновиќ заврши зад решетки: Поради ова актерот го однесоа во Централниот затвор!
Актерот Сергеј Трифуновиќ поради неплатена казна заврши зад решетки 24 часа, јавуваат локалните медиуми.
Актерот на 10 октомври сам се пријавил во ОЈО на улица Бачванска на покана од Стопанскиот суд, по што според пресудата бил спроведен во Централниот затвор.
Тој поминал само 24 часа зад решетки, бидејќи следниот ден ја платил казната за прекршокот, по што бил пуштен на слобода.
– Сергеј вчера излезе од Централниот затвор, откако беше платена казната. Самиот дошол со покана на 10 октомври – изјавил изворот за порталот Телеграф.