Еве зошто Холандија е дисквалификувана од Евровизија: Излегоа на површина сите детали за невидениот скандал (фото)
Холандскиот претставник Јост Клајн нема да се натпреварува во вечерашното финале во Малме, објавија организаторите на Евровизија. Ова е голем шок, Холанѓанецот беше еден од омилените на публиката, многумина ја видоа неговата песна на самиот врв, но…
– Шведската полиција истражуваше поплака на член на продукциската екипа по инцидентот што се случи по неговиот настап во полуфиналето во четвртокот вечерта. Додека правниот процес оди по својот тек, не би било соодветно тој да продолжи со натпреварот, се вели во соопштението.
– Сакаме јасно да нагласиме дека, спротивно на некои медиумски пишувања и шпекулации на социјалните мрежи, ниту еден друг изведувач или член на друга делегација не бил вмешан во овој инцидент – велат оттаму, додавајќи:
– Ние одржуваме политика на нулта толеранција за несоодветно однесување на нашиот настан и се залагаме да обезбедиме безбедна и сигурна работна средина за целиот натпреварувачки персонал. Во светло на ова, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета за прекршување на правилата за натпреварување.
Големото финале на 68. Избор за песна на Евровизија ќе продолжи со 25 песни.
Холандските навивачи претходно се заканија дека ќе го бојкотираат натпреварувањето доколку Јост не настапи. Тој требаше да ги претставува со песната „Европап“ , но не настапи ниту на вчерашната генерална проба.