Управата за хидрометеоролошки работи предвидува обилни врнежи од дожд утре и за време на викендот на повеќе места во Северна Македонија.
Во недела и понеделник навечер на планините и на некои повисоки места, главно во северните и североисточните делови, врнежите повремено ќе бидат придружени со снег“, соопштуваат од УХМР.
Попладнево и доцна во денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а ќе дува слаб до умерен променлив ветер.