Еве како Анџелина Џоли успеа да го осиромаши Бред Пит за 80 милиони долари: Од разводот излезе со значителна сума и покрај предбрачниот договор (фото)
Холивудската актерка Анџелина Џоли и актерот Бред Пит конечно го финализираа разводот по осумгодишна правна битка. Според DailyMail, Анџелина од овој развод ќе излезе побогата за 77 милиони евра (околу 80 милиони долари), и покрај тоа што предбрачниот договор дефинирал поединечните средства да останат одвоени.
Еден од клучните извори на заработка на Анџелина по разводот беше продажбата на 50 отсто од акциите во францускиот замок и лозја Шато Миравал во 2021 година, за што таа доби повеќе од 62 милиони евра. Иако трансакцијата беше финансиски успешна, правната битка поврзана со овој имот сè уште трае. Шато Миравал бил заеднички проект на поранешната двојка, а според извори имале намера да им го препуштат имотот на своите деца за да можат еден ден да го преземат бизнисот.
Бред Пит, чие богатство е речиси 400 милиони евра, наводно е задоволен што овој долг процес е завршен. Извори блиски до актерот тврдат дека Анџелина го „оптоварувала“ низ годините, но сега се чувствува олеснето. Пит сè уште заработува меѓу 20 и 30 милиони евра по филм, додека Анџелина, една од најплатените актерки во Холивуд, остварува годишни прќиходи кои се движат до 35 милиони евра по филм, според Celebrity Net Worth.
Освен што продаде удел во замокот, Анџелина во 2021 година продаде и слика на Винстон Черчил за 11,1 милиони евра. Сликата, која ја добила како подарок од Бред, се верува дека е единствениот пејзаж насликан од Черчил за време на Втората светска војна.
Во финансиските детали за разводот се споменува и дека во 2018 година Бред и позајмил на Анџелина 7,7 милиони евра за купување на вила во Лос Анџелес, каде што актерката моментално живее. Двојката го продаде и заедничкиот имот во Њу Орлеанс, купен во 2007 година за 3,3 милиони евра, по разводот за 4,7 милиони евра.
Анџелина и Бред, некогаш најпопуларниот пар во Холивуд, имаат шест деца заедно. Нивната врска започна во 2004 година на снимањето на филмот „Господин и г-ѓа Смит“, а беа во брак од 2014 до 2016 година.