Еве како изгледа денес Фикрет од серијата „Кога лисјата паѓаат“: Актерката е среќно омажена, има ќерка и е исполнета (ФОТО)
Иако е доста зафатена, актерката одлично го балансира професионалниот и личниот живот. Од 1995 година е во брак со колегата Булент Емин Џарар. Тие ја имаат ќерката Ада која студира глума во странство.
Во последните години турските теленовели успеаја да ја украдат популарноста на латинските сапуници, а меѓу најгледаните на овие простори беше серијата „Кога лисјата паѓаат“.
Сепак, на еден од главните протагонисти, кој го играше Фикрет, тоа навистина не и’ се допаѓа. Актерката Бену Јилдиримлар смета дека оваа улога на некој начин и’ била проклетство.
– Навистина ја ценам љубовта што публиката ми ја дава благодарение на Фикрет. Сепак, ми пречи што серијата толку се повторува бидејќи луѓето тогаш добиваат впечаток дека можам само таа да ја играм, па продуцентите не ми нудат други улоги – изјави таа Бену во неодамнешното интервју.
Сепак, таа успешно настапуваше и во други проекти , можеби благодарение на сапуницата „Кога лисјата паѓаат“.
Иако е доста зафатена, актерката одлично го балансира професионалниот и личниот живот. Од 1995 година е во брак со колегата Булент Емин Џарар . Тие ја имаат ќерката Ада која студира глума во странство.
На прашањето дали има нешто за што жали, ценетиот уметник, кој во ноември ќе наполни 56 години, искрено одговори:
– Бев среќно дете, се омажив за човекот што го сакам, ја работам работата што ја сакам, станав мајка… Па немам за што да жалам. Животот не е доволно долг за да има време за жалење.
– Уживав и уживам во секоја фаза од мојот живот. И како девојка, и како актерка, и како мајка, и како сопруга – изјави Бена, која слободното време најмногу сака да го поминува во кујна, а активна е и на Инстаграм, каде меѓу другото може да се види како изгледа денес.