Еве како Коста К. бил спроведен пред истражните органи во Белград – момчето-убиец ги шокирал сите со своето однесување во судницата, а ова се петте прашања кои му биле поставени!

Момчето убиец кое го изврши масакарот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, денес сведочи во судскиот процес против неговиот татко, а според пишувањата на српските медиуми, во Палатата на правдата не бил донесен со лисици.

Сепак, пред Палатата на правдата и во самата зграда има високи безбедносни мерки. Полицајци се распоредени насекаде, а има и службеници во цивилна облека.

Според пишувањата на соседните медиуми, Коста К. е донесен во цивилна облека без лисици, а мерките се такви бидејќи прв пат се среќава со родителите на настраданите. Помеѓу родителите и момчето во судницата се пет членови на судското обезбедување.

Како што се дознава, момчето-убиец и овој пат не покажал никакви емоции. Тој бил целосно ладен, без израз на лицето.

За потсетување, започна сослушувањето на момчето како сведок во Палатата на правдата од страна на Вишото јавно обвинителство во Белград во постапката против неговиот татко.

Прашања ќе поставуваат обвинителот, адвокатите на оштетените и бранителот на обвинетиот татко.

Според неофицијални информации, 5-те прашања на кои треба да одговори се:

1. Дали татко му го малтретирал ?

2. Каков бил односот во семејството помеѓу мајка, татко и сестра ?

3. Дали татко му го однел на стрелиште ?

4. Дали татко му го научи да пука ?

5. Дали татко му му ја дал шифрата на сефот со пиштолот ?