“СЕВЕРНА КОРЕЈА Е НА ПРАГОТ НА НУКЛЕАРНА ВОЈНА!“ – Прстот директно вперен кон САД по драматичното обраќање во ОН: “Неразумните постапки и нивната хистерија…“

Севернокорејскиот полуостров е на работ на нуклеарна војна, особено поради неразумните постапки на САД, предупреди во вторникот на Генералното собрание севернокорејскиот претставник во Обединетите нации и затоа неговата земја нема друг избор освен да ја забрза сопствената самоодбрана.

2023 година е запаметена како исклучително опасна“, изјави Ким Сонг на последниот ден од годишната седница на ОН, на која се собрани лидерите на 193 земји во светот.

Нерационалните акции и постојаната хистерија на САД и нивните сојузници во однос на нуклеарниот конфликт го водат полуостровот Кореја кон воена ситуација на работ на нуклеарна војна“, вели тој.

Во такви околности, Демократска Народна Република Кореја итно треба да ја забрза изградбата на своите капацитети за самоодбрана за да не биде поразена“, предупреди Ким Сонг пред преставниците на ОН.

За потсетување, Северна Кореја тестираше десетици балистички ракети во изминатите 18 месеци, пишува медиумската агенција Reuters.

Пјонгјанг тврди дека го користи своето право на самоодбрана со тестирање балистички ракети за да го зачува својот суверенитет и безбедност од воени закани.

Покрај САД, Ким Сонг ја именуваше и соседна Јужна Кореја како стратешки американски сојузник.

Сеул е опседнат свесно да биде поданик на Соединетите Американски Држави и да се бори братоубиствено“, вели Ким Сонг.

Северна Кореја е под серија санкции на Советот за безбедност на ОН поради нејзината нуклеарна и ракетна програма од 2006 година, а мерките беа заострени во последниве години.