ВИДЕО | Мечката им го прекина пикникот: „Веднаш се фрли на храната, а луѓето седеа скаменети од страв“

Гладна црна мечка го прекина семејниот пикник во природниот парк Чипинке во Мексико во државата Нуево Леон. Пријде до семејството што седеше на масата, се качи на неа и им ја изеде храната.

На видеото се гледа како животното јаде енчилада и тако на маса, на само неколку сантиметри од неколку луѓе кои се смрзнале и седат мирни за да не ја вознемират мечката и да ја поттикнат да нападне. Мечката во еден момент многу се приближува до жената која со рацете го покрила лицето на детето.

Видеото објавено на социјалните мрежи веднаш стана вирално и собра повеќе од 10 милиони прегледи на TikTok. Веб-страницата на паркот предупредува дека се почести се блиските средби со мечки. Посетителите се предупредуваат дека во парковите, населбите и улиците во областа околу градот Монтереј се почесто се гледаат мечки, а ризикот за луѓето, но и за мечките се зголемува.

Паркот објави и низа препораки, во кои детално се наведува што да правите, а што да не правите ако наидете на мечка. Една од препораките вели дека „никогаш не треба да се обидете да ја снимите мечката одблиску“.