ФОТО | GOOGLE НАПОЛНИ 25 ГОДИНИ – Основан е од студенти, а денес го користи цел свет! Погледнете како изгледа логото денес по повод големиот јубилеј

Google денес го слави својот роденден, а по тој повод светскиот интернет пребарувач им се заблагодари на своите корисници за 25-годишната доверба.

На пристапната страница на пребарувачот има лого „роденден“, а компанијата приредила и неколку изненадувања за корисниците при пребарувањето.

Google

Додека денес го славиме нашиот 25-ти роденден, славиме и 25 години од вашата доверба. На крајот на краиштата, вашата љубопитност е она што нè поттикна нас и нашиот напредок“, изјавил извршниот директор на Google, Сундар Пичаи.

Корпорацијата Google е основана во 1998 година од двајца студенти од Универзитетот Стенфорд, Лери Пејџ и Сергеј Брин. Во 2005 година основачите го прогласија 27. септември за роденден на Google, денот кога, како што наведоа, постигнале одлични резултати.