Анастасија и Немања купуваат куќа во Шпанија покрај море: Eве каков им е брачниот живот во Севиља (фото)

Анастасија и Немања Гудељ уживаат во својот брачен живот. Сопружниците имаат многу планови, а еден од нив е да купат имот во Шпанија. Спортистот настапува за Севиља каде што моментално живеат, а како што стојат работите нивната иднина во Југозападна Европа е cè поизвесна.

На пејачката и’ се допаѓа Севиља, која е најубавиот град во Андалузија, но изборот на недвижен имот ќе падне на дел покрај море. Немања се согласува со тоа. Тој порасна во Холандија, каде ја започна својата спортска кариера, но неговиот професионален и приватен живот продолжува во Шпанија, земја која многу ја сака и во која се гледа себе си во иднина и по истекот на четиригодишниот договор со актуелниот клуб.

Според пишувањата на српските медиуми, има неколку градови кои им се допаѓаат. Ќерката на Цеца Ражнатовиќ пред свадбата ги добила потребните документи за престој во Шпанија, а нејзиниот сопруг го има средено тоа од порано.

– Сè е како што треба. Анастасија и Немања уживаат, особено затоа што добро се снајдоа во земјата каде што Немања тука и работи. Таму им се допаѓа сè. Нормално планираат големо семејство, а со оглед на тоа што моментално живеат во куќа во Севиља, сакаат да купат таква, но во град покрај море, рече извор за српските медиуми.

Добро ги разгледуваат локациите и имотите кои се во понуда, не брзаат, сакаат да го направат вистинскиот избор. Можам да ви кажам дека недвижностите во Шпанија се многу убави, има локации кои се идеални за многумина, блиску се до градот, но доволно далеку за да имате мир и тишина, со поглед на море. Тие се буквално совршени за семејство и мирен живот. И Анастасија и Немања го совладале јазикот, климата им одговара исто така и луѓето, само треба да си направат гнездо по желба и мерка и да се пофалат со совршен живот – вели соговорникот за српски Курир.