Грчките пожари изгореа површина поголема од Њујорк

Во неодамнешните шумски пожари во Грција изгоре површина поголема од градот Њујорк, соопшти во вторникот Програмата на ЕУ за набљудување на Земјата Коперник. „Откриена е вкупна изгорена површина од 808,7 км2 , површина поголема од Њујорк“, се вели на платформата на социјалните мрежи Х, порано позната како Твитер.

Балаш Иравју, портпаролот на Комисијата на ЕУ за хуманитарна помош и кризен менаџмент рече дека Унијата испратила 11 противпожарни авиони, над 400 пожарникари, 62 возила и еден хеликоптер како одговор на шумските пожари во регионот на Еврос во Грција, наречени најголеми шумски пожари во историјата на ЕУ.

Пожарот во регионот – во североисточна Грција, граничи со Туркије и продолжува да беснее на два големи фронта на својот 11-ти ден, како што објави грчката државна новинска агенција АМНА. Со зголемени копнени и воздушни сили за гасење пожари и со слаб ветер продолжуваат операциите за гаснење на двата преостанати фронта на пожарот во Еврос, во Лептокарија и областа Котронија.