Бугарската православна црква повика на задолжително верско образование

 – Бугарската православна црква упати барање веронауката да биде задолжителен предмет во училишниот план и програма, напоменувајќи дека тоа ќе биде од корист за учениците.

Синодот, собранието на црквата, упати писмено барање во кое се наведува дека задолжителната веронаука е важна во „спречувањето на насилството, духовно-моралното оспособување на учениците и зголемување на духовноста на нацијата“.

Уставот на Бугарија го признава православното христијанство како официјална религија во земјата, наведувајќи дека „православното христијанство се смета за традиционална религија во Република Бугарија“.