Еве како Јелена Ѓоковиќ го бодреше Новак опкружена со светска елита: Нејзините фотографии со членовите на семејството засенија сè (ФОТО)

Историјата на натпреварите на Новак Ѓоковиќ на УС Опен е богата со трофеи, но оваа интересна ретроспектива носи и серија слики од неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ од трибините во Њујорк. Важната поддршка беше силен ветер во грбот на познатиот тенисер.

Директорката на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ често била опкружувана со светски ѕвезди, а многу значајна поддршка Ноле добивал и од другите членови на семејството.

Најдобриот светски тенисер денеска игра во второто коло на турнирот во Њу Јорк против Шпанецот Бернабе Запата.

Ѓоковиќ со победата во првото коло над Французинот Александар Милер повторно дојде до првото место на АТП листата, каде неговиот вечерашен противник ја зазема 76. позиција.

Во ретроспективата од УС Опен има и фотографија од Јелена Ѓоковиќ од УС Опен од 2011 година. Додека тениското чудо Новак Ѓоковиќ отиде чекор погоре на позицијата најдобар, секој негов потег на теренот го доживуваше со многу емоции.

Две години подоцна на истиот турнир, каде пред два дена стартуваше Новак Ѓоковиќ, Јелена беше со сестра ѝ Марија Ристиќ, а во 2014 година со Новак Ѓоковиќ се венчаа во Свети Стефан во Црна Гора. Истата година го добија синот Стефан. Двојката ја има и ќерката Тара.

Јелена Ѓоковиќ го следеше УС Опен во 2013 година во друштво на Ричард Бронсон, кој е само еден од многуте светски јавни личности кои го поддржуваат Ноле. Тој ден покрај неа беше и Марија Ристиќ.

На трибините на тенискиот центар Били Џин Кинг во Њујорк во 2013 година, на мечот на Новак Ѓоковиќ, Јелена беше придружувана од познатата манекенка Наоми Кембел, која присуствуваше и на хуманитарната вечер на Фондацијата што го носи името на Ѓоковиќ.

Пред седум години во ложата на Ноле беше и Борис Бекер, кој неодамна изјави дека би сакал Ноле да игра засекогаш.

Хју Џекмен и неговата сопруга Дебора Ли Фурниш и Бен Стилер и неговата сопруга Кристин Тејлор се исто така меѓу познатите обожаватели на Новак (сликите што ќе ги видите од нив датираат од 2016 година).

Џекмен и неговата партнерка навиваа за Ѓоковиќ на овогодинешниот Ролан Гарос.

Ноле од почетокот на кариерата има огромна поддршка од родителите и браќата – кои се горди на неговите достигнувања.