Иако Џорџ Клуни е најпознат по своите актерски успеси, неговиот приватен живот предизвикува уште поголем интерес во јавноста.
Ја чува цврсто својата приватност, но добро знаеме дека со години е во брак со убавата адвокатка Амал Аламудин Клуни, од која ретко се разделува и за која секогаш има пофални зборови.
Амал и Џорџ имаат близнаци, Александар и Ела, но малкумина знаат како изгледаат, бидејќи славната двојка од самото раѓање се бори да ја зачува својата приватност.
Џорџ и Амал поголемиот дел од времето го поминуваат во нивната куќа на езерото Комо каде веќе ретко кој ги гледа, па пред неколку дена беа фотографирани како со своите деца со приватен брод како одат во луксузен ресторан.
Неспорно е дека Џорџ е згоден и денес, но целото внимание и понатаму го краде неговата убава сопруга Амал, која со години воодушевува со својот стил и изглед.
Таа за оваа пригода облече црн мини фустан со интересен горен дел, сламен шешир и секогаш стилски сандали од плута, а сето тоа го зачини со прекрасна чанта од змиска кожа.