Еве како реагираше Ѓоковиќ кога му кажаа дека Алкараз очекува реприза на финалето на Вимблдон во дуелот за златото во Париз
Не сакаше да влегува во полемики.
Лоренцо Музети често знаеше да го намачи Новак Ѓоковиќ, но овојпат тоа не беше случај во полуфиналето на Олимписките игри. Србинот победи со 2-0 (6:4, 6:2) и го обезбеди своето прво финале на Олимписките игри.
Освен во одредени моменти на почетокот на вториот сет, вториот тенисер на планетата прикажа одличен тенис, на крајот од мечот и ја прослави победата како што доликува.
Карлос Алкараз оваа година го победи во финалето, кое беше реприза на ланското финале, на Вимблдон, а во финалето на Ролан Гарос во 2023 година победи Новак. Работата ќе биде тешка, формално Карлос е во предност, но Ѓоковиќ е најсилен кога ќе биде отпишан.
Така, на новинарско прашање да ја коментира изјавата на Алкараз, кој посака исходот да биде како на Вимблдон, Новак даде одговори:
– Па, не вреди да се занимаваме со репризи, секој натпревар е нова приказна сам по себе. Во натпреварот влегувам со најголема желба, посветеност, тоа ќе биде најголемиот предизвик. Нема потреба да се трошат зборови, тој има 21 година и тоа што го направи, знам што треба да направам, се чувствувам добро дури и да излезам со врвна игра – изјави Ѓоковиќ.
Големото финале е закажано за в недела на стадионот „Филип Шатрие“ во комплексот Ролан Гарос.