Еве како се заработуваат стотици илјади евра од „Идризово“ со измами: шема со вмешани полицајци, директори, командири
Преку организирана шема, затвореници од затворот „Идризово“ нашле како да заработуваат пари преку измами. Зад нив стоела цела логистика која функционирала надвор од установата. Па така, фирми останале без стотици илјади евра. Јавноста го памети лицето кое се преставуваше како Дејан по фирми и ги правеше измамите. Вистинското име на Дејан е Бобан Алексов, кој за првпат застана пред камерите на „Претрес“. Во шемата тврди дека се вмешани затворски полицајци, командири, директори. Посочи и имиња.
Тој објасни дека пробувал да пријави и покажа разговори кои ги водел со началници во МВР, обвинители, политичари – но залудно. Пред камерите на „Претрес“ ја објасни целата шема, како функционирала, кој која улога ја имал.
Деталите ексклузивно погледнете ги во поткастот: