Еве како Тито ја запросил Јованка: Се венчаа кога таа имаше 28 а тој 60 години – ,,Само покрај тебе наоѓам мир и среќа” (фото)
Наскоро ќе се навршат 10 години од смртта на Јованка Броз, која почина на 20 октомври 2013 година во Белград на 89-годишна возраст, а нејзиниот живот го одбележа љубовта кон Јосип Броз Тито. Покојната прва дама на Југославија еднаш раскажа како маршалот побарал од неа да стане негова сопруга.
Отпрвин тие имале строго деловни односи, но љубовта брзо процветала меѓу нив, па парот се венчал во тајност во април 1953 година, кога таа имала 28, а тој 60 години.
Јосип Броз Тито на прекрасен начин ја запросил Јованка. Тој еднаш истакна дека неговиот живот е полн со проблеми, но се надева дека ќе најде мир со неа.
– Животот ми беше тежок, исполнет со стрес, лични загуби, секакви несреќи и чувствувам дека со тебе конечно ќе имам мир и среќа – ова се зборовите со кои ја замолил Јованка да му стане сопруга.
Д-р Александар Матуновиќ, поранешниот личен лекар на покојниот претседател на Југославија, во својата книга „Јованка Броз, совладетелката на Тито“ ја забележал својата исповед за тоа како се чувствувала откако Броз ја запросил.
– Непотребно е да се каже колку бев изненадена и збунета. Па, јас бев девојка од средна класа со патријархални ставови! За мене разликата во години ја отфрли помислата за таква врска. Покрај тоа, бев (нема да бидам скромна ) згодна и имав неколку додворувачи – рече Јованка.
Иако биле заедно пет години кога тој ја запросил, таа била изненадена. На почетокот и’ пречело повеќе од тридецениската разлика во годините, но подоцна се помирила со тоа, признала таа.
– Разликата во години беше голема, но јас не ја почувствував. Тито беше полн со енергија, витален – искрена беше Јованка.