Еве како ќе изгледа светот според предвидувањата на Никола Тесла: Конзумирањето на овие пијалоци ќе биде демоде, а еден детаљ ќе ве загрижи (фото)
Никола Тесла беше генијален пронаоѓач и научник кој направи револуција во светот на електричната енергија. Го нарекуваа сонувач, ги исмеваа неговите идеи, но времето стави сè на свое место.
Тој цврсто верувал дека смртта не постои, додека на светот гледал со сосема други очи, менувајќи ја реалноста со помош на свеста. Беше опседнат со одредени бројки, а многумина мислеа дека е фанатик.
Во април 1892 година пристигнал во Госпиќ, каде во тоа време живеела неговата тешко болна мајка, која починала во негово присуство на 16 април. Месец и пол подоцна, на покана на делегацијата на општина Белград и на Здружението на инженери, тој пристигна во кратка посета на Белград, која беше негова единствена посета на Кралството Србија.
По повод стогодишнината од неговото раѓање, во 1956 година единицата за мерење на висок напон го добила името на Тесла, што е и име на единицата за јачина на магнетното поле.
Во 2003 година, архивскиот материјал од наследството на Тесла беше внесен во регистарот на УНЕСКО „Меморија на светот“.
КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА ЗЕМЈАТА ЗА 100 ГОДИНИ
– Во 2100 година развојот на животот ќе биде под целосна контрола на науката. Во минатото, според законот за борба за опстанок, генерално исчезнаа помалку соодветните особини. Новото чувство на сожалување на човекот се спротивставува на неумоливото функционирање на природата. Резултатот ќе биде продолжување на животот, но и развој на недоволно приспособени членови на човечкиот вид. Единствениот метод што би одговарал на нашето чувство за цивилизирано однесување е стерилизација и сузбивање на сексуалниот нагон кај неприлагодените индивидуи.
– Неколку европски земји и членки на САД ќе одлучат да ги стерилизираат криминалците и ментално нарушените лица. Тоа не е доволно. Научниците постојано притискаат да го отежнат што е можно повеќе воспоставувањето брачна заедница. Секој кој не е сигурен родител нема да смее да има потомство. За сто години од сега, за нормален човек ќе биде исто толку неприфатливо да се дружи со несоодветни луѓе (според овие стандарди) исто како со криминалци.
– Хигиената и физичката култура ќе бидат неприкосновени делови на образовниот систем и државниот апарат. Министерот за хигиена и физичка култура, во 2035 година, во владата на тогашниот претседател на САД, ќе биде поважен од министерот за одбрана – рече тој и додаде:
– Загадувањето на нашите простори, како што е сега околу Њујорк, ќе биде незамисливо за нашите деца и внуци, исто како што е незамисливо да живееме без водовод и канализација. Водоснабдувањето ќе биде строго контролирано, а само лудаци ќе користат вода која не е стерилизирана. Повеќе луѓе умираат или се разболуваат од загадена вода отколку од кафе, чај, тутун и други стимуланси. Јас лично се откажав од сите стимуланси. Исто така, практично не јадам месо.
– Убеден сум дека за сто години кафето, чајот и тутунот нема да бидат толку примамливи. Алкохолот ќе продолжи да се користи бидејќи не е стимуланс, туку докажан еликсир на животот. Стимулансите нема да исчезнат под притисок, едноставно нема да биде модерно да се труе телото со штетни состојки. Природната храна, како што се млекото, медот, житарките ќе бидат основата на епикурејските вечери во врвните ресторани на 21 век. Ќе има доволно жито и житни производи за да се нахрани целиот свет, вклучувајќи ги и гладните милиони во Кина и Индија.
– Нашата планета е пребогата, а таму каде што нешто недостасува, лекот добиен од воздухот ќе го обнови ткивото на Земјата. Развиен е процес за оваа намена во 1900 година. Подоцна, по четиринаесет години, поради воените потреби, го усовршиле германските хемичари – рекол тогаш Тесла.